За нас


Воден од влијанија стекнати од животот и престојот во повеќе Европски држави, во раните '90 години кога во градот и државата фризерската работа и фела беа на доста ниско ново,имав желба и идеја да создадам фризерски салон на сосема различно ниво и стил од локалните што дотогаш работеа (со чест на неколку исклучоци, во кои и самиот можев да работам и да ја усовршам фризерската струка.)

Како еден предводник на модерниот фризерски стил, заедно со група на колеги, од почетокот до денес, а и во иднина вредно и посветено работам на постојано доусовршување, модернизирање, пратење на модните трендови и тенденции во фризерскиот бизнис, како од аспект на стиловите така и од аспект на раководењето и одржување на еден современ фризерски имиџ.

Постојаната инспирација за работата ја добивам пред се од своите клиенти, истовремено пратејќи ги сите важни случувања (саеми, изложби, работилници и сл.) на најголемите фризерски имиња во светот.

Стремежот за соработка со квалитетен тим, висока услуга и стил, здрава, негувана и силна коса се моите мотиви да работам постојано, создавајќи нови поборници и следбеници на мојата работа.

Како главен стилист за коса, од почетоците до денес, заедно со тимот и група на докажани стилисти од овие простори, постојано работиме на завиден број настани (сесии, спотови, ревии, театарски претстави, национални натпревари, Eurovision Song Contest и други).

Грижата за косата исто ми е доверена од голем број лица од јавниот живот, естрадата, дипломатски претставници и секако голем број лица кои секојдневно го посетуваат салонот и добиваат врвна услуга и третман на својата коса.

Сретен Костиќ